- Advertisement -
ИнтервјуаНовостиПравдаСветот на работникот

Јовевски: Оние кои ќе ги принудуваат вработените да се вакцинираат ќе бидат и кривично одговорни

Проф. Д-р Лазар Јовевски - Работник
1.82Kviews

Универзитетскиот професор по трудово право, Лазар Јовевски во интервју за порталот Скопско Ехо го даде својот став во однос на предложените мерки од Комисијата за заразни болести.  

„Предложените мерки се спротивни пред сè со Уставот на Република Македонија како и со низа закони и меѓународни конвенции кои Македонија ги има ратификувано. Во нашиот Устав се загарантирани основните човекови права, и тоа во член 9 се гарантира еднаквоста на граѓаните пред Уставот и законите, во член 12 дека слободата на човекот е неприкосновена, во член 32 се гарантира правото на човекот на работа, итн. Од меѓународните акти ја издвојувам Резолуцијата 2361 на Советот на Европа: точка 7.3.1. Граѓаните да бидат информирани дека вакцинацијата против Ковид 19 не е задолжителна и дека никој не смее да биде под политички, социјален или друг вид на притисок за да се вакцинира ако тоа не сака да го направи и точка 7.3.2 Никој нема да биде дискриминиран, затоа што не се вакцинирал, било поради здравствени ризици или затоа што не сака да се вакцинира! Исто така спротивни се на Законот за работните односи, во членот 6 и 7, како и Законот за Безбедност и здравје при работа. Работодавачите кои ќе ги принудуваат  вработените на вакцинација спротивно на нивната воља, ќе бидат и кривично одговорни! Самата поделба на луѓето на вакцинирани и невакцинирани претставува нееднакво сметање и дискриминација на едните во однос на другите. Во случајот на невакцинираните им се ограничуваат човековите права, потоа и правата од работен однос, здравствена заштита (оние граѓани кои нема да ги примаат на болничко лекување поради тоа што не се вакцинирале ќе продолжат да плаќаат за здравствено осигурување, но нема да можат да го користат), итн. Тврдењето на Министерството за здравство дека не ги присилува граѓаните на вакцинација, со оглед на тоа што им се остава можност да прават пцр тест на секои три дена и тоа- внимавајте: на сопствен трошок, е само параван на притисокот, се разбира, бидејќи и онака осиромашените граѓани „благодарение“ на несоодветните економски политики кои доведоа до растечка инфлација секако дека ќе ги натера граѓаните да бараат начин како да го избегнат тој трошок. Поаѓајќи од ова, можеме ли да останеме рамнодушни кога се кршат брутално човековите права и слободи во Македонија“, рече Јовевски во интервјуто.