- Advertisement -
МакедонијаСиндикат

Јовевски: Синдикализмот е надпартиски, наднационален и надверски концепт

Јовевски: Синдикализмот - Работник
241views

Синдикализмот е нешто што постои повеќе од еден век и постојано се развива на оваа планета. Тоа е сооднос помеѓу трудот и капиталот; во одредени историски периоди се појавува и како една борба, но денес се повеќе се промовира концептот на соработка, разбирање и заедничка мисија којшто треба работниците во трудово  – правната или економската приказна да ја чекорат заедно, вели проф. д-р Лазар Јовевски за Утринската програма на ТВ Алфа.

Advertisement

„Би рекол дека синдикализмот денеска е исправен пред голем број на предизвици. Во најголем дел пред глобализмот како појава. Се работи за предизвици кои се различни од оние во 19 или 20 век. 21 век носи дигитализација на трудот, носи еден поинаков концепт на менаџирање со човечките потенцијали, односно самите вработени“, вели Јовевски.

Новата атмосфера којашто сега се создава, после коронавирусот или за време на коронавирусот, ги доведува синдикатите пред нови предизвици и нови проблеми. Многу е важно како во сите овие околности, но и во претходните, коишто датираат многу години наназад, синдикатите да се постават според потребната реакција и функција, вели Јовевски.

„За да функционираат успешно, синдикатите и самиот синдикализам, како идеја треба да се надпартиски и наднационални, надверски. Синдикатите во денешно време треба да размислуваат на флексибилност во одредени проблеми, односно како ќе се постават за истите да се разрешат. Мора да размислуваат не само преку алатката на нивната сила (колку се во поголем број, толку се посилни) туку мора да размислуваат преку еден избалансиран пристап. Да ја имаат силата, членството, но од друга страна да ги имаат мудроста и едукацијата“ посочи Јовевски.

Денешните синдикални лидери во земјава, но и во светот се повеќе тежнеат кон тоа да ги продлабочуваат и знаат работите, за да можат да се носат со новите предизвици и да се спротивстават на еден модерен демократски начин.

Бобан Илијевски

Advertisement
Advertisement