- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Јовевски: Со не пуштањето на новинарите и снимателите во Собранието извршена е дискриминација

266views

!!! ДИСКРИМИНАЦИЈА: ВАКЦИНАЦИЈАТА Е ПРАВО НА ИЗБОР ИЛИ УСЛОВ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ?

Вакцинацијата против Ковид-19 согласно фундаменталните човекови права е право на личен избор на човекот- дали ќе се вакцинира или не. Ова го изјавија од самиот почеток челниците на СЗО, светските лидери, и нашите власти. Лично бев скептичен дека ова право доследно ќе се почитува. Од таа причина, уште пред да стигнат првите вакцини во земјава предупредив дека може да се случи сценарио на ограничување на правото на извршување работни обврски без примена вакцина, што пред некој ден им се случи токму на новинарите и снимателите: им беше оневозможено да ја извршуваат својата работа во законодавниот дом на оние кои не покажале сертификат за примени две дози вакцина.
Како професор по анти-дискриминациско право тврдам дека со ваквиот чин се прекршени права и слободи, извршена е дискриминација на новинарите и снимателите (на оние кои не примиле две дози вакцина), иако воопшто не е задолжително да примат ниту една- доколку одлучат така.
Но оваа монета има и друга страна: оневозможено им е објективното известување на јавноста што е нивна работа, а на граѓаните им е скратено правото да бидат информирани за работата на народните избраници.
Затоа јавно повикувам да им се овозможи на сите граѓани без дискриминација по каков било основ, да донесат информирана лична одлука дали ќе се вакцинираат или не, и ова не смее да биде услов за ограничување или оневозможување на уживањето на човековите права воопшто и правата од работен однос посебно!.
Проф. д-р Лазар Јовевски

Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement