АНАЛИЗА: Развоен дел од Буџетот 2026, каде се скратија а каде се зголемија парите за капитални инвестиции?
Следната година за Развојните потпрограми на Буџетот 2026-та, кои опфаќаат најголем дел од капиталните расходи во сите сектори, се наменети 607 203 000 евра и оваа сума во однос на годинашната во ребалансираниот Буџет, која изнесува 676 578 051, е намалена за 70 милиони евра. “Порталб“ споредувајќи ги податоците од новиот во однос на сегашниот буџет, анализира кои министерствата колку пари ќе добијат за јавни инвестиции.
Кратење во поголем дел од ресорите кои се надлежни за стратешки капитални расходи
Позначајно намалување на средствата преку Развојните потпрограми на Буџетот 2026 та има во Министерството за транспорт. Следната година овој ресор за капитални вложувања преку оваа “ставка” ќе има на располагање 199,2 милиони евра што е за 70,3 милиони евра помалку во однос на износот од годинава кој е позициониран на скоро 270 милиони евра. Намалување на средствата преку основниот буџет има за инвестиции во патна и железничка инфраструктура а се намалуваат и средствата за железничка инфраструктура планирани преку заеми и дотации. Преку овој ресор планирана е набавка на автобуси за јавен градски превоз за што се планирани 5,1 милиони евра.
Министерството за образовани следната година за јавни инвестиции преку Развојните потпрограми ќе добие 31 милион евра и оваа сума во однос на годинава е намалена за 5,4 милиони евра. Споредбата на новиот во однос на сегашниот буџет покажува дека намалување на средствата има за инфраструктурни објекти во општините, изградба на основни и на средни училишта, за енергетско обновување на студентските домови додека незначително се зголемуваат средствата за изградба на училишни спортски сали во основните училишта.
Министерството за финансии – функции на држава следната година ќе располага со 37,1 милион евра наменети за развој преку претпристапната помош ИПА и оваа сума во однос на годинава е намалена за речиси 19 милиони евра.
Позначајно намалување на средствата за јавни инвестиции преку развојниот дел на Буџетот 2026 та има и во Министерството за внатрешни работи, од годинашните 32, 8милиони евра на 23,3 милиони евра и оваа сума се однесува на реформи во полиција и за реконструкција и опремување на згради, при што “кратењето“ е во ставката за реформи во полицијата.
Развојни потпрограми Буџет 2026 та
2026 2025
Мин за транспорт 199 200 000 е 269 504 000 е
Мин за финансии-функ.на држава 37 139 000 е 56 100 000 е
Мин за внатрешни работи 23 300 000 е 32 000 000 е
Мин за образование 31 073 214 е 36 487 000 е
Мин за здравство 5 125 844 е 9 300 000 е
Мин за труд и социјална пол. 4 306 704 е 7 215 016 е
Мин за дигитална трансфор. 4 189 400 е 5 324 500 е
Мин за култура 1 004 000 е 5 438 311 е
Извор : Буџет 2025, Буџет 2026
Во Министерството за здравство најголем дел од сумата од 5,1 милион евра следната година ќе се троши за реконструкција и доградба на јавни здравствени установи и за набавка на медицинска опрема и во однос на годинава износот е скоро преполовен. За новата Општа Болница Кичево резервирани се само 58 000 евра а ист износ е планиран и за изградба на двата клинички центри во Скопје и во Штип. Во однос на сегашниот ребалансиран буџет парите за реконструкција на јавните здравствени установи се преполовени додека сумата за медицинска опрема е зголемена .
Значајно намалување преку Развојниот дел на буџетот има во Министерството за култура – до година за финансирање на инфраструктурни проекти во општините од областа на културата се планирани 1 милион евра што е за скоро 4 500 000 помалку во однос на годинава.
Позначајно намалување на средствата има и во Министерството за труд и социјална политика – следната година за изградба, одржување , опремување на објекти за детска заштита, објекти за социјална заштита, домови за стари лица, инфраструктурни проекти од социјалната во општините, се планирани 4,3 милиони евра и во однос на годинава оваа вкупна сума намалена за речиси 3 милиони евра.
Намалување на средствата за капитални вложувања преку Развојните потпрограми на Буџетот има и во Министерството за дигитална трансформација – годинава 5,3 милион евра а следната година 4,1 милион евра.
Повеќе пари во однос на годинава преку развојниот дел од Буџетот 2026 та ќе добијат Министерството за економија, Министерството за енергетика, Министерство за правда. Вкупните капитални расходи следната година се позиционирани на 640 милиони евра и тие се намалени во однос на оваа економска година.

