„Бараме трансформација на текстилната индустрија”
Фејсбук статус на Кристина Анчева, Гласен синдикат:
‼️🇲🇰Бараме од Министерството за труд и економија, во координација со синдикатите, граѓанските организации и експертите да се донесе Национална стратегија за трансформација на текстилната индустрија. При изработката на стратегијата: процесот да биде транспарентен и инклузивен, според моделот на Борос (Шведска), со вклучување на сите засегнати страни (синдикати, граѓански организации, експерти, локални власти, универзитети и приватни компании).да се имаат предвид европските трудови и социјални стандарди и, притоа, наместо досегашниот модел „евтина работна сила“ да се развие пристап кој води кон произвoдство на висококвалитетни, брендирани и еколошки производи со висока додадена вредност.‼️Бараме од Министерството за труд и економија, Агенцијата за странски инвестиции и другите надлежни институции да донесат мерки за поддршка на домашното производство и развивањето сопствени брендови: финансиски и даночни стимули за компании што инвестираат во сопствени производи и иновации, наместо во лон-производство;намалување на увозот на евтина и неквалитетна облека и во јавните набавки на јавните институции да се даде предност на домашните компании (особено за набавка на униформи, заштитна опрема и други производи).⚠️Бараме од општините во Источниот регион да донесат локални и регионални планови за индустриски развој: општините, особено во Источниот регион, да развијат планови за поддршка на текстилниот сектор, во координација со синдикати и работници;да се создадат регионални кластери за иновации, заеднички лаборатории и центри за маркетинг и извоз, достапни за мали и средни компании.🇲🇰Бараме од Министерството за труд и економија и Агенцијата за вработување да работат на развој на човечките ресурси: инвестирање во обуки и преквалификации за нови технологии, дигитален дизајн, еко-производство и стандарди за извоз;поттикнување на младите и жените да преземаат лидерски улоги во индустријата.‼️Бараме од Владата на РСМ, Фондот за иновации и Министерството за финансии, при развивањето на стратегијата и конкретните мерки да ги имаат предвид принципите за одржливост, зелена економија и транспарентност: поттикнување на инвестиции во модернизација на опремата, намалување на отпадот, користење рециклирани материјали и нивна примена во други гранки;транспарентност и отчетност за доделените државни кредити, субвенции и нивните резултати;поттикнување на здравата конкуренција и борба против сивата економија и нелојалната конкуренција.📣Бараме од Владата на РСМ и Министерството за финансии: по примерот на Хрватска, да се воспостави Солидарен фонд кој ќе обезбеди исплата на плати и придонеси на работниците во случај на затворање на фирми или повлекување на странски сопственици.