Бизнисот ја обвини владата за иселувањето на младите
Недостигот на работна сила е најголемиот проблем за државата. Прстот за заминување на младите, од Комората на Северозпадна Македонија го вперија во власта, која изминатите години дозволи да останеме без работници. Затоа бараат да се намалат придонесите кои газдите ги плаќаат за вработените, и се највисоки во регионот, како и да се зголемат квотите за увоз на работна сила, за да не мора странците да работат на црно.
Придонесите се на високо ниво, за минималната плата се 47,5%, што е многу и за жал е прогресивна. Ќе бараме од Владата да се намалат придонесите на ниво од 32%. Бараме и квотата за увоз на работна сила од 5,000 да се зголеми на 10 или 15,000 работници, изјави претседателот на Комора на Северозападна Македонија, Менди Ќура.
Ниските плати се причина за иселување на младите. Колку и да се зголемат, не можат да го стигнат просекот кој го давааат европските земји, вели вицепремиерот Битиќи. Во моментов на пазарот недостасуваат 10 илјади работници, а невработени се над 115 илјади. Проблемот за ваквата разлика е отсуството на квалификации кај лицата без работа.
Овие невработени не се оспособени за професиите штo ги бара пазарот на труд. Иницирав дебата за либерализација на пазарот на труд преку зголемување на увозните квоти за странки работници, што моментално се ограничени на 5,000 годишно. Но оваа мерка не смее да биде долгорочно решение, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.
Не се само парите проблем, возвраќаат од бизнисот. Младите се разочарани од системот и од политичките врски , без кои не можат да се вработат.
Главен проблем наш е при вработување се врските, политичките определби итн, што прави нервоза кај младите Тие не сакаат да одат по овие правила, изјави Анета Пешева, МАСИТ.
Пешева предлага, за да се задржат младите – да се сменат навиките кај работодавачите. Искуството говори дека нити еден програмер не ја напушта државата – не затоа што зема во просек плата од 2,400 евра, туку и заради флекисбилното работно време и слободата да се работи од дома.
Сепак вели дека главниот акцелератор за вработување треба да бидат универзитетите , кои треба да ги обучат кадрите со вештините кои се бараат на пазарот.
Извор: Сител