ЗанимливостиСветот на работникот

(ВИДЕО) Како „Работата на векот“ на шефот се преведува на српски

IT Engine, компнија од Нови САД, објавила ново видео од корпоративниот живот. Овој пат разговорот се одвива помеѓу клиент и преведувач и покажува како навистина во пракса изгледа „работата на векот“. 

Како што навеле во описот во видеото, „секоја сличност со реална ситуаација на проектот е сосема случајна“. 

Имено, во видеото овој пат главна улога игра преведувачот (Милош Милаковиќ), шефот на компанијата и потенцијален клиент. 

Тој преку Зум повик, во кој објаснува како ќе функционира нивниот однос кажува специфични фази кои преведувачот ги преведува, би можело да се рече, „на свој начин“, така што ги прилагодува на реални ситуации. 

Сепак, директорот на компанијата на крајот ја прифаќа работата со забелешката дека е во прашање „работа на векот“. 

„Вака не СЕ ПРИФАЌА проект, би рекол секој програмер“, наведуваат во описот. 

Како поминал разговорот, погледнете во видеото. 

 

Извор: BIZLife

Фото: Screenshot