Втор ден блокади на превозниците – Муратовска од „Макамтранс“ и премиерот Мицкоски очекуваат решение
Втор ден од блокадата на товарните превозници на граничните премини како дел од заедничкиот протест на македонските транспортери и на другите земји од Западен Балкан како реакција на новиот таканаречен ЕЕС систем за престој во Европската унија. Покрај камионските најава дека ќе се приклучат на блокадите доаѓа и од автобуските превозници. Од Асоцијацијата „Исток“ велат дека новиот начин на евиденција го отежнува нивното работење и доколку не се најде решение и тие ќе се придружат на блокадите на товарните превозници. Претседателката на здружението на транспортери „Макамтранс“ Билјана Муратовска во изјава за ТВ21 вели дека очекува позитивно да се решат овие проблеми. Најави дека на блокадите ќе останат една недела,, но доколку се наиде на разбирање и започнат преговорите тие ќе ги прекинат протестите.
„Очекувам, бидејќи од вчерашната изјава на портпаролот јасно е дека „вордингот“ веќе малку е сменет, не се толку арогантни колку што беа на почетокот кога кажуваа дека правилата се тие, ништо не е сменето и нема што да размислуваат, меѓутоа, сега спомнуваат и дека ќе размислуваат за некои визни форми на решавање на случајот“, порача Билјана Муратовска
Повеќе тука

