Uncategorised

Дали имате назначено офицер за заштита на личните податоци?

Законот за заштита на личните податоци официјално започна да се применува од 24ти Август оваа година, но многу малку друштва направија усогласување на своето работење согласно обврските кои што произлегуваат од законот.

Во меѓувреме, Агенцијата за заштита на личните податоци даде дополнително време од 6 месеци на друштвата да ги започнат и завршат постапките за усогласување на своето работењето со Законот.

До денес во Агенцијата за заштита на личните податоци пријави за назначување на офицер за заштита на личните податоци доставиле повеќе илјади друштва со што правно формално се назначени неколку илјади лица за Офицер за заштита на личните податоци. Иако овие лица можеби ги исполнуваат законските услови барања на високо образование за назначување на Офицер поголемиот дел од нив и покрај барањето на поседување на сертификат или знаења од областа на заштита за лични податоци скоро и да немаат никакво искуство или пак имаат конфликт на интереси од работното место, бидејки работат и голем број други работи. Евидентно од состојбите на терен е дека на Офицерите како клучни фактори во примената им недостасуваат практични знаења за примена на новиот закон. Затоа со цел да се излезе во пресрет и разрешат што повеќе дилеми со кои се соочуваат пред се назначените офицери за ЗЛП Националното здружение за промоција на правото на заштита на личните податоци ПРАЈВАСИ започнува со обуки низ практични примери преку разни едукативни работилници и семинари за примената на конкретни одредби од Законот кои се покажаа како предизвик и најкомплексни прашања за исполнување на обврските и одговорностите за Офицерите.

Првата работилница за ОБВРСКИТЕ И ОДГОВОРНОСТИ НА ОФИЦЕР ЗА ЗЛП и КОИ СЕ АКТИВНОСТИ Е ПОТРЕБНО ДА ГИ ПРЕВЗЕМЕ ОФИЦЕР ЗА ЗЛП ПО НЕГОВОТО НАЗНАЧУВАЊЕ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ПРАКТИЧЕН ПРИМЕР ЗА ИЗРАБОТКА НА АКЦИОНЕН ПЛАН ќе се одржи на 04 Ноември 2021 год од 13:00 до 17:00

ЦЕЛОСНА АГЕНДА ДОСТАПНА НА ЛИНКОТ: АГЕНДА РАБОТИЛНИЦА