Дали HR-от во вашата компанија е навистина ваш пријател?
Вработените често претпоставуваат дека HR луѓето се тука за да помогнат. Но, со оглед на тоа што луѓето од човечки ресурси работат за компанијата, дали тие се секогаш навистина на наша страна?
Како вработени, ние често мислиме дека овие луѓе се тука да ни ги решават нашите проблеми, како на пример: да бидеме исплатени на време или да ги изменаџират проблемите на работа. Па така, често очекуваме од нив да ни помогнат кога сме во незгодни ситуации. Во многу случаи, персоналот нема кај да се обрати кога работите не одат по планираното. Разговорот со HRот може да биде побезбедна опција отколку директно да се разговара со шефот или директорот.
Истовремено, едни истражувања покажуваат дека 70 проценти од вработените не веруваат во персоналот на фирмата. Ако разгледате подлабоко ќе пронајдете безбројни примери од вработени кои имале лоши моменти со HR. Некои ги имат објавено на блогови додека други се откажуваат од помошта и го тужат својот работодавец; во 2020та година бројот на пресуди за спорови на работно место во САД достигнал рекордно високо ниво.
Типична посета во оделот за човечки ресурси може да започне вака: проблемот настанал на работно место и е оставен да се разгорува и кога ќе го достигне нивото кога некој повеќе нема да може да издржи, тие се обраќаат до HR. Компаниите често им кажуваат на новите работници дека човечките ресурси се тука за нив и, како резултат на тоа, вработените веруваат дека ако се обратат кај нив, нивниот проблем ќе се слушне и ќе се реши.
На крајот, останува на компаниите и на самите вас да одлучат дали овој сектор навистина стои позади вработените или пак е поставаен на тоа работно место за да ја застапува компанијата и ги следи проблемите на вработените.
Извор: Кариера

