ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Еве дел од мерките предвидени во петтиот сет на антикризни мерки

Петтиот сет антикризни мерки е завршен, преостануваат уште само неколку детали да се доуредат и потоа би требало да се објават.

Порталот Работник ви пренесува некои од мерките коишто треба да бидат вклучени во петтиот сет антикризни мерки. Вчера Вицепремиерот Битиќи во 24 анализа на 24 вести ја откри мерката којашто ќе биде замена на онаа со која во претходните пакети се исплаќаше плата за спасување на работните места, а тоа е мерката за доделување на бескаматни кредити за компаниите погодени од корона кризата за исплата на плата со грант компонента. Овие бескаматни кредити ќе бидат со грант компонента од 30 % преку развојната банка за поддршка на плати со 0 % камата, со 12 месеци грејс период и рок на отплата од 3 години. 

Во петтиот пакет мерки е предвидена и поддршка за 120 радиодифузери (медиуми), на тој начин што ќе ослободат од надоместокот кој го плаќаат кон Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги.

Ќе бидат поддржани и компаниите коишто вршат меѓународен транспорт со соодветна методологија. Има околу 35 компании вршители на меѓународен транспорт кои одржуваат 134 меѓународни автобуски линии, со околу 1,000 вработени.

Сетот на мерки вклучува и поддршка на „ивент индустријата“, преку повик од Министерството за култура, за организација на заеднички настани од национален интерес во коишто „ивент индустријата“ во соработка со телевизиите ќе организираат различни едукативни настани кои се од поширок јавен интерес. 

Владата во петтиот сет мерки предвидува и поддршка на хотелите кои функционираат надовор од туристичките средини. Поддршка ќе биде според степенот на категоризација на секој хотел преку носење на скалеста методологија за да се спроведе оваа мерка.

Ова се само дел од мерките предвидени во петтиот пакет мерки коишто се наменети да помогнат на компаниите, а со тоа и на работниците. 

Петтиот сет мерки ќе тежи 50 милиони евра. 

Бобан Илијевски