За две години заминуваат на Месечината
Претседателот на турската вселенска агенција (ТУА) Сердар Хусејин Јилдирим вели дека заминувањето на Месечината е важна цел на турската Национална вселенска програма.
Имено, во тек е производството на вселенски брод кој Турција за две години ќе го прати на Месечината.
Истакнувајќи дека вселенската програма ќе влијае на создавањето на помодерна Турција, Јилдирим изјавил: „Беспилотното летало кое ќе не однесе на Месечината за две години е во фаза на производство. Неговиот мотор е 100 % домашен, хибриден ракетен мотор. Моторот е веќе подготвен. Во процес е и неговата интеграција и прилагодувањето за вселената. Тестовите продолжуваат“.
Турција ќе остави трага на Месечината, порачал тој.
„Нека нашето знаме се завее на Месечината, нека остане на нејзината површина“, рекол тој, пренесува порталот ТРТ.нет.
Извор: B92.net
Фото: Depositphotos, rfphoto

