ПравдаСветот на работникот

Испраќаат работници на принуден одмор, укинувајќи им денови од годишниот одмор

Порталот Работник неофицијално дознава дека неколку странски компании, вработените ги имаат пуштено на принуден одмор, а една од нив, наместо да им исплаќа по 70%, како што е според Законот за работни односи, им ги укинувала деновите од годишниот одмор.

Според неофицијални информации, компанијата Ван Хул во индустриската зона Бунарџик има испратено половина од вработените на принуден одмор. Претходниот пат кога биле на годишен одмор, на работниците им било исплаќано 50 % од платата, а последниот пат – 70 %. 

Компанијата Кромерг и Шуберт исто така, според наши неофицијални информации, имаат испратено половина од работниците на принуден одмор. 

И компанијата Дрекслермајер има испратено половина од работниците на принуден одмор, укинувајќи им денови од годишниот одмор.