ЕкономијаСвет

И покрај скромниот раст во економијата, во ЕУ се создаваат слободни работни места

Економијата на ЕУ во првата половина од 2025 година оствари подобри резултати од очекуваните, со што, и покрај скромниот раст, се очекува таа да остане отпорна и континуирано да создава работни места поддржани од силната домашна побарувачка, поволните услови за финансирање и силниот европски пазар на трудот, наведува претседателот на Еврогрупата, Паскал Донохју во Извештај доставен до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во пресрет на Самитот на ЕУ закажан за 23 и 24 октомври. 

– Иако се очекува во втората половина од годината моментумот на раст да забави, сепак се предвидува стапката на раст за 2025 година да ги надмине претходните очекувања. Процесот на намалување на инфлацијата продолжува, што заедно со повисоките плати ја обновува куповната моќ на домаќинствата и ја одржува потрошувачката, додава Донохју. 

Повеќе тука