Кој го докажува постоењето на дискриминација или мобинг во случај на спор?
РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО
Тема: Кој го докажува постоењето на дискриминација или мобинг во случај на спор?
Доста често се зборува на тема дискриминација и вознемирување на работното место, како и за мобингот кој што е се почеста појава на работното место. Во овие аспекти секогаш се апелира на пријавување и санкционирање на ваквите појави, но што се случува кога ќе дојде до спор?
Ако работникот или пак кандидатот за вработување поведе спор во кој изнесе факти дека работодавачот постапил спротивно на Законот за работни односи кој го забранува секој вид на дискриминација како и психолошкото вознемирување, на работодавачот е товарот на докажувањето дека немало каква било дискриминација, односно дека постапил во согласност со законот.
ПРАВИЛНО е пред поведување на работниот спор за мобинг да се обезбеди хронологија на настани на вознемирување и лекарска документација за влијанието на мобингот врз здравјето на жртвата.
ПОГРЕШНО е да се смета дека во случај на спор поради психичко вознемирување – мобинг, товарот на докажувањето паѓа на тужителот, односно на работникот кој е жртва на мобинг, освен ако тужениот/те докажат дека различниот третман е направен поради исклучоци предвидени во самиот закон.
Проф. д-р Лазар Јовевски

