ПАДНАЛ ОД ВИСИНА ОД 3 МЕТРИ Загина 30-годишен работник во фабрика во Делчево
Триесетгодишен работник од Делчево вчера загина при несреќа во фабрика во градот.
Како што информира СВР Штип, настанот се случил на 10 септември околу 11 часот, кога В.Р. (30) паднал од висина од околу 3 метри и се здобил со тешки телесни повреди. На пат кон Клиничката болница во Штип, во возилото на Итната медицинска помош, тој им подлегнал на повредите.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
Latest posts by Редакција (see all)