Постојано мислите дека проблемот е во вас или многу се грижите? Тоа e камен на кој можете да се сопнете на патот до успешна кариера
Некои навики трошат премногу интелектуален труд, а тоа може да доведе до недостаток на капацитет за промислување или извршување на задачите.
Таквиот исход несомнено може да влијае и на вашата работа, секојдневните обврски и предизвиците кои ви претстојат. Ситуацијата е посебно алармантна откако настапила короната, па многумина не знаат како да се „однесуваат“ на работното место, како ни во кој правец ќе оди нивната кариера.
Ова се 5-те образци на делување кои можат да влијаат на вашиот деловен успех и кои би требало да ги решите што е можно попрво.
Чуствување на вина
Дали постојано имате впечаток дека сте за нешто крици и на некој му се извинувате и кога тоа објективно не е така? Нормално е да чувствувате вина од време на време, но ако тоа чувство е константно и се шири, може да ви пречи во извршувањето на секојдевните работни задачи, бидејќи го попречуваат фокусот и мислите; едноставно ве блокира.
Кукање без ефект
Наместо постојано да се жалите на семејството, пријатеите или колегите за работите повразни со работата или, на пример, напредувањето, обидете се својот став да му го кажете на надредениот, односно на оној од кој зависи вашата ситуација или кој би можел да го реши проблемот. Кукањето „во празно“ вам може да ви овозможи да издишете, но на долг рок нема да го реши проблемот, односно ќе се вртите во маѓепсан круг. Тоа неминовно ќе ви одземе многу енергија.

Фото Shutterstock
Некој ве одбил, па што?
Било да е тоа деловна понуда или љубовен состанок, немојте да очајувате. Кога некој ќе ве одбие, тоа создава емотивна болка, а таа потоа влијае на нашето расположение и промислување. Исто така, води до тоа да претераме со само – испитувањето, како и испитувањето на својата вредност и самодоверба.
Грижа
Ова чувство и тоа како може да наштети на вашиот дух, расположение па и на когнитивните способности, а за тоа да не бидете свесни. Не е добро ни да трпите, кажете што ве мачи, разговарајте за проблемот и обидете се да најдете баланс во секој ден.
Замисленост
Често знаете да „одлутате“, чувствате притисок, го губите фокусот и концентрацијата? Тоа често се случува кога во главата повторуваме некои настани од минатото, некои стресни ситуации (прекин на врска, развод, отказ, расправија). Она што помага во овој случај е тренирање, шетање, престој во природа, читање, пренасочување на мислите и рационализација на случувањата.
Фото: Freepik

