МакедонијаСветот на работникот

Почна бербата на јаболка, а берачи нема – Дневници од 2.500 до 2.700 денари со храна и сместување!

Почна бербата на јаболка, а берачи нема. Јаболкопроизводителите од Преспа ги чекаат берачите од Албанија, за кои годинава ќе плаќаат дневници од 2.500 до 2.700 денари, со храна и сместување. Производителите не може сами да го наберат родот, а во државата не може да најдат работници за берба. Нашите не сакаат да работат за овие пари, а земјоделците не може да им платат повеќе од 2.700 денари, поради слабиот род и ниските откупни цени. Родот годинава е за 50 до 60 отсто помал од лани, поради доцните мразеви во април, а квалитетот е малку полош. Овоштарите не се задоволни со откупната цена на индустриското јаболко, која изнесува 9 денари за килограм, бидејќи, како што велат, не ги покрива трошоците, кои се многу повисоки од лани, а производствената цена изнесува од 12 до 13 денари за килограм, објави Вечер –vecer.press

Повеќе тука