МакедонијаПравдаСветот на работникот

Приватните лекари пред Уставен ја оспорија одлуката за наградување на здравствените работници во борбата со ковид-19: Или ќе има награди за секого, или за никого

Здружението на приватните лекари преку нивен адвокат до Уставен суд поднело иницијатива за преиспитување на одлуката со која се наградуваат здравствените работници во јавното здравство кои се борат со ковид-19, пренесе СДК.

„Треба ли да потсетам дека и матичните доктори беа на прва борбена линија, докторите од Дебар направија скрининг на целото населениве. Или ќе има награди за сите кои учествувавме во борбата со ковид-19 или за никој“, рече на прес-конференцијата д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари, кое брои околу 1.600 доктори.

Приватните лекари од земјава реагираат на две новини кои ги подготвуваат Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство. За членовите на Здружението тие се неприфатливи и тие не се согласуваат со нивно воведување.