Работодавачот во никој случај не смее барателот на вработување да го става во нееднаква положба
Размислувате како да пронајдете работници за вашиот бизнис?
Работодавачот потребата од работници ја обезбедува преку: 1) огласување на јавен оглас во дневниот печат или во други средства за јавно информирање печатени или електронски на товар на работодавачот; 2) објавување во службата надлежна за посредување при вработување, без наплата, во согласност со закон; 3) посредување на службата надлежна за посредување при вработување преку упатување на лица за вработување од евиденцијата на невработените лица; 4) агенција за посредување при вработување со наплата од работодавачот, во согласност со закон, со претходно внесување на јавниот оглас во електронскиот систем на Агенцијата за вработување на Република Македонија.
Работодавачот,во никој случај не смее барателот на вработување да го става во нееднаква положба заради расно или етничко потекло, бојата на кожата, полот, возраста, здравствената состојба, односно инвалидност, религиозното, политичко или друго убедување, членување во синдикатите, националното или социјалното потекло, статус на семејството, имотната состојба, половата насоченост или заради други лични околности.
На жените и мажите мораат да им бидат обезбедени еднакви можности и еднаков третман. Пристапот до вработување, вклучувајќи унапредување и стручна и професионална обука во работата; условите за работа; еднаква исплата за еднаква работа; професионални шеми за социјалното осигурување; отсуство од работа; работно време и откажување на договорот за вработување.
Latest posts by Редакција (see all)