Светот на работникот

Разговорите за работа отсега ќе ги водат роботи: ВИ ја презема контролата врз вработувањето

Вештачката интелигенција сè повеќе ја презема контролата врз процесот на вработување.

Стартап компанијата Aleks и други фирми користат нова технологија за извршување на рутинските задачи на регрутерите – проверка на биографии, плати и достапност на кандидати – а во состојба се да спроведат илјадници интервјуа дневно.

Според TechCrunch, кандидатите за работа во различни области наскоро ќе можат да очекуваат значително повеќе иницијални интервјуа благодарение на ВИ, но тоа не значи дека ќе има и повеќе отворени работни места.

ВИ интервју веднаш по пријавата

Aleks, компанија основана пред околу 18 месеци, веќе им помага на фирмите да спроведуваат видео и телефонски интервјуа.

Ко-основачот Арон Ванг истакнува дека нивниот регрутер базиран на вештачка интелигенција може автономно да ги води разговорите со кандидатите веднаш по поднесување на пријавата и да им помогне да се вработат во некои од најголемите компании во светот.

Меѓу клиентите на Aleks се наоѓаат елитни компании, финансиски институции, национални синџири ресторани во САД, како и четирите најголеми сметководствени фирми – иако Ванг не открива конкретни имиња.

17 милиони долари инвестиција

Инвеститорите веруваат дека интервјуата за работа што ги води вештачка интелигенција ќе станат стандард во многу компании, што ѝ овозможи на Aleks да обезбеди 17 милиони долари во серија А финансирање.

Извор: b92.net