Регионалниот одбор на СОНК Делчево одржа семинар на тема: „Синдикално организирање и делување“
✨ РО на СОНК ДЕЛЧЕВО
✅️Денес успешно го реализиравме првиот од неколкуте предвидени семинари на тема „Синдикално организирање и делување“, кој се одржа во Едукативен центар за зачувување на природата с.Негрево🏡
💯👌„Семинарот беше реализиран под покровителство на Советот на СОНК, со цел јакнење на синдикалните капацитети и унапредување на организациското делување.
🗣Предавач на семинарот беше претседателот на Регионалниот одбор на СОНК – Делчево, Александар Парасков.
✅️На настанот учество зедоа синдикални активисти и членови од неколку средни и основни училишта од регионот:
- СОУ „Миле Јаневски Џингар“ – Македонска Каменица
- ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица
- ООУ „Ванчо Прке“ – Делчево
- ООУ „Климент Охридски“ – Делчево
- ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево
📢Присутните имаа можност да разменат искуства, да ги продлабочат знаењата за синдикалното делување и да ги унапредат механизмите за заштита на работничките права.
🤝Голема благодарност до сите учесници за активната вклученост и придонесот.
✊️❤️Заедно сме посилни. Заедно градиме подобри услови за вработените во сите дејности кои ги застапува СОНК .💙✊

