САДУ: Дел од институциите за прв пат потпишуваат колективен договор, што претставува историски исчекор
Фејсбук статус на Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство – САДУ:
Дел од институциите за прв пат потпишуваат колективен договор, што претставува историски исчекор и јасен сигнал за нов пристап во вреднувањето на трудот и улогата на вработените во државната администрација.
САДУ со своите синдикални организации потпиша колективни договори во повеќе институции. Овие договори се резултат на партнерство, доверба и заедничка визија – да се изгради модерна, професионална и ефикасна администрација.
Институции во кои се потпишаа колективни договори:
Агенција за вработување
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Управа за хидрометеоролошки работи
Предвидено е етапно зголемување на платите, кое ќе се реализира во следниот период:
7% зголемување од 1 март 2026 година
дополнителни 7% од 1 март 2027 година
дополнителни 7% од 1 март 2028 година

