Синдикат

СОНК беше учесник на конференција на тема: „Закон за штрајк – споредени искуства и активности на синдикатите за зголемување на бројот на членови

Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:

Во организација на Синдикатот за образование на Црна Гора(SPCG) и Solidarity center од САД со седиште во Белград, од 17 до 19 ноември во Подгорица, се одржа меѓународна Конференција на тема : Закон за штрајк – споредени искуства и активности на синдикатите за зголемување на бројот на членови.

На конференцијата учествуваа синдикатите за образование од регионот и тоа : Црна Гора, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија и Македонија.

Свој придонес на оваа конференција даде и СОНК преку неговите претставници, кои ги презентираа нашите искуства на споменатите теми, пред се фокусирајќи се на законските одредби поврзани со организирање и спроведување на штрајкот.