ПравдаСветот на работникот

Социјалниот дијалог – потреба во време на пандемија

Социјалниот дијалог – потреба во време на пандемија
Претходните глобални кризи покажаа дека владите не можат сами да ги надминат предизвиците што произлегуваат од силните шокови. Со оглед на досега невидената природа на кризата предизвикана од пандемијата КОВИД-19, социјалниот дијалог со вклучување на владите и претставничките организации на работодавците и работниците е поважен од кога било.
Социјалниот дијалог треба да ги вклучува сите видови преговори, консултации и размена на информации помеѓу претставниците на владите, работниците и работодавачите за прашања од заеднички интерес во областите на економијата, трудовата и социјалната политика. Ваквите преговори може да се одржат на национално, секторско или на ниво на претпријатие. Слободни, независни, силни и репрезентативни организации на работодавачи и работници се предуслов за ефективен социјален дијалог. Значајна е и довербата меѓу различните актери и почитта од страна на владите за автономијата на социјалните партнери.
Преку дијалог и договорено дејствување од владите и организациите на работодавачи и работници, политиките и програмите можат да бидат дизајнирани и спроведени за справување со непосредната здравствена криза и за ублажување на ефектите од некои од овие мерки врз вработувањето и приходите. Овие активности можат да обезбедат безбедност и здравје при работа, да го прошират опфатот на социјална заштита, да им помогнат на претпријатијата да се прилагодат и да избегнат банкрот, да ги задржат работниците на своите работни места и да им обезбедат приход.
 

Социјалниот дијалог – потреба во време на пандемија

Претходните глобални кризи покажаа дека владите не можат сами да ги…

Posted by Juridica on Tuesday, May 11, 2021