Со ребалансот на буџет на Заев им се оставаат нови 200 милиони евра долг на идните генерации
Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ
Со ребалансот на буџет на Заев им се оставаат нови 200 милиони евра долг на идните генерации, и ниту еден проект.
Заев со ребалансот признава дека не знае да ја менаџира економијата, додава нови даноци, а буџетот пак е во дупка. Ефектите од 4 годишното крадење ги гледаме денеска.
Низ Заев поминаа речиси 16 милијарди евра пари на граѓаните како буџет. Една шајка нема заковано, една улица нема направено, а кога асфалтира некој тротоар ги асфалтира и дрвјата.
Со ребалансот Заев крати од парите за проекти во образование и екологија.
Зелената агенда, остана само на хартија, а во реалноста зелени се само нивите со марихуана се друго е црно.
Ребалансот не е развоен, туку уназадувачки.
Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе!