Со 600.000 багреми пошумени косините на автопатот Миладиновци – Штип
На површина од 30 хектари долж автопатот се засадени багреми. Пошумувањето, што стартуваше есенва, се реализира со 13 милиони денари, обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.
Од ЈПДП најавуваат дека следната година ќе спроведат дополнителни мерки за мал дел од површините со косини каде што со пошумување ќе нема ефект за заштита од ерозија, објави Канал 5.

