СПМ: Борбата е при крај…
Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:
Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ И БОРБАТА, ОСНОВНАТА ПЛАТА ДА БИДЕ ПОВИСОКА ОД МИНИМАЛНАТА, патот до успехот ![]()
Почитувани членови на СПМ, почитувани вработени во МВР. Веќе сте добро запознаени дека СПМ во изминативе години жестоко се бореше за прикажување на фактичката состојба и беше против доведувањето на работникот во понижувачко-мизерна состојба а тоа е состојбата на платите во МВР.
Години наназад алармиравме и реагиравме дека ОСНОВНАТА ПЛАТА на работник во министерството е ПОД МИНИМАЛНАТА ПЛАТА во Македонија.
Испративме десетици писма, реакции, пресови, направивме неколку протести каде без влакна на јазикот говоревме за неправдата нанесена врз обичниот полицаец години и години наназад.
Додека чекоревме напред јасно говорејќи за оваа неправда околу основната плата, многумина сегашни синдикалци појма немаа во тоа време што говоревме, дури и ни се смееја и не критикуваа за секој наш пост, наша реакција, цинично смеејќи ни се не само нас туку на секој работник кој едвај преживуваше крај со крај во месецот земајќи ја онаа мизерна основна плата спротивна на закон помала од минималецот.
Конечно таа борба е при крај, пред некој ден од страна на највисокиот суд во Македонија – Врховниот суд тоа прашање е решено и веќе е историја и тоа веќе во наредниот период ќе го соопштиме тогаш кога ќе биде соопштено од нивна страна.
Се надеваме дека оваа борба која со години наназад ја водевме како Синдикат преку писмени реакции, интервјуа, пресови и протести вроди соплод и круна на сета таа борба е признавањето на нашето Барање и имплементирање во новиот Закон за внатрешни работи а тоа е : ОСНОВНАТА ПЛАТА ДА НЕ БИДЕ ПОМАЛА ОД МИНИМАЛНАТА ПЛАТА СОГЛАСНО ЗАКОН.
Тоа што го баравме, почитување на Законите и Колективните договори конечно се исполнува и резултира со новиот Закон за внатрешни работи. Тоа веќе за неколку месеци од сега ќе биде исполнето.
Сепак нема да навлегуваме во јавните преписки на двата синдикати во МВР, МПС и НСП и нивното јавно говорење дека сето тоа околу основната плата да биде повисока од минималната плата дека е НЕВИСТИНИТА, но само едно ќе кажеме а тоа е да дозволиме времето да покаже кој е во право дали МПС и НСП од една страна или СПМ од друга страна.
Во продолжение, подолу во прилог ги имате дел од борбата која СПМ години наназад ја водеше укажувајќи на целата Македонска јавност дека основната плата во МВР е пониска од минималната плата согласно Закон во Македонија.
#враќањенапрофесионализмотвополицијата
Konfederacija na slobodni sindikati na Makedonija KSS
Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme

