СПМ со поддршка до Синдикатот на контролори на летање: Се надеваме дека правдата и разумот ќе преовладеат
Синдикатот на полицијата во Македонија му даде поддршка на Синдикатот на контролори на летање.
„Во духот на синдикализмот и поддршка на владеењето на правото, Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ дава поддршка на претставниците и членовите на Синдикатот на контролори на летање, како и претседателот Александар Тасевски, со надеж дека ќе преовладее разумот и правдата.
Се надеваме дека Јавното обвинителство, ќе се одважи и ќе ги преземе сите мерки за правилно и законско санкционирање на сите инволвирани во случувањата во М-НАВ, без разлика на тоа кои се чинителите на настанот, како и организаторите, помагачите и оние кои можеле, но не го спречиле настанот.
Синдикален поздрав“, стои во соопштението на СПМ.
Latest posts by Редакција (see all)