Трансформација на работните односи во Македонија и Европа
ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВОТО И РАБОТНИТЕ ОДНОСИ ВО ЕВРОПА И КАЈ НАС
Оваа недела имав можност и привилегија да учествувам на дводневна Меѓународна конференција на тема: „Preparing for the Cyber-physical Transformation of Manufacturing“, каде имав излагање на експертско ниво за сотојбите на пазарот на труд, синдикализмот и трансформацијата на производството во Македонија.
Со колеги од Полска, Литванија, Италија, Бугарија, Словачка и Шпанија разменивме мислења, анализи и визија за иднината на трудот и производството во Европа низ рамката на новиот бран на дигитализација и трансформација на економските и трудовите односи. Овие процеси иако се уште не се толку актиелни кај нас, сметам дека допрва ќе се соочиме со предизвиците на новата дигитализација ан економијата, а со тоа и на трудот. Ова може да има бројни негативни аспекти особено за вработените, покрај одредени позитивни ефекти кои првично се препознаваат. Овде, пред се мислам на губењето на работните места, слабеење на синдикатите, силен степен на флексибилизација на работните односи и дигитализација на работните места, каде „работата дома“ ќе биде еден од основните начини на работење, особено во непроизводните дејности.
проф. д-р Лазар Јовевски.
ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВОТО И РАБОТНИТЕ ОДНОСИ ВО ЕВРОПА И КАЈ НАС
Оваа недела имав можност и привилегија да…
Posted by Проф. д-р Лазар Јовевски on Friday, January 15, 2021
Latest posts by Редакција (see all)
- Работата или средината – кој е главниот виновник за вашиот стрес? - 30/09/2025
- САДУ организира Синдикална школа за колективни договори и законите за административни и јавни службеници - 30/09/2025
- „Германската економија останува на климави нозе“: Објавена прогноза до 2027 година – што значи тоа за работните места и платите? - 30/09/2025