Што треба да прави државниот испекторат за труд?
Што треба да прави државниот испекторат за труд?
Како работи на инспекцискиот надзор, се сметаат управните и други мерки, кои во согласност со закон ги преземаат инспекторите на труд во вршењето на инспекцискиот надзор. Инспекторатот обезбедува единствено спроведување на прописите и мерките од областа на работните односи и заштита при работа, и прописите од областа на забрана и спречување на вршењето на нерегистрираната дејност и е одговорен за нивното спроведување во рамките на својата надлежност.
Во вршењето на работите на инспекцискиот надзор, инспекторот е овластен, во секое време на денот и ноќта, да влезе во просториите на работодавачот, без претходно најавување и без оглед на работното време на работодавачот.
Веднаш по влегувањето, инспекторот е должен, за своето присуство да го извести работоводниот орган, односно законскиот застапник или друг овластен работник на работодавачот, доколку истите се присутни во просториите на работодавачот. Отсуството на тоа лице не може да биде пречка за вршење на инспекциски надзор. Работодавачот е должен, на инспекторот да му овозможи непречено вршење на надзорот и на негово барање да му даде односно да му достави на определено место и во определено време, списи, акти, информации и други податоци, потребни за вршење на инспекцискиот надзор.
Тимот на Јуридика
Latest posts by Редакција (see all)