МакедонијаПравдаСветот на работникот

17 припадници на АРМ повредени во сообраќајка кај Штип

17 припадници на АРМ - Работник
175views

Сообраќајната несреќа се случила кога дошло до судир на автобусот со кој се превезувале војниците и комби возило. При судирот автобусот се превртел и паднал странично во каналот веднаш до коловозот. Повредени се 16 војници и возачот на автобусот. После незгодата сите се пренесени со амбулантни возила во штипска клиничка болница, а дел од нив се со набиеници и скршеници.

– Прегледани се од хирург и ортопед и моментално сите се на иследување, на снимања, за да се одреди точна дијагностика. Според мислењето на лекарите, тие сметаат дека се со телесни повреди и надвор од животно загрозувачка состојба. Моментално уште не се сместени затоа што се на снимање на глава, на граден кош, на абдомен и откако ќе се одработат снимањата, тогаш ќе се види кој од лицата ќе се стационираат или на хирургија или на ортопедија, изјави Марина Шуманска, портпарол на клиничка болница – Штип.

На местото на несреќата увид изврши јавен обвинител и екипа на МВР, а на лице место излезе и тим од воената полиција. Од Министерството за одбрана преку соопштение информираа дека  припадниците на Армијата патувале со автобусот од типот „Сетра“, во сопственост на фирмата „Тритерол“ од Струмица, која го реализира организираниот транспорт на релација Струмица – Илинден. Според информациите од Генералштабот на АРМ, автобусот има потврда за исполнување на потребните технички услови за превоз на патници. Поради незгодата сообраќајот на оваа делница од регионалниот пат беше пренасочен преку новиот експресен пат во изградба од 7:30 до 10 часот утринава.

Од СВР – Штип повеќе детали за несреќата најавија по комплетирање на истрагата.

Извор: Сител