- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

23 илјади граѓани нема да добијат 6,000 денари, поради блокадата во Собранието

23 илјади граѓани нема да добијат - Работник
648views

Колацијата Алијанса за Албанците и Алтернатива поднесе над 19 илјади амандмани за десет предлог-закони кои денес се најдоа на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Меѓу нив се најде и предлог-законот со кој на 23 илјади граѓани ќе треба да им се доделат шест илјади помош. Од коалицијата велат дека приоритет им е законот за државјанство и доколку власта сакала парите да стигнат до граѓаните, предлог-законот ќе го поднела по скратена, а не по редовна постапка.

„Денешната седница на комисијата имаше десет предлог закони. За сите доставивме амандмани, некаде над 19.500 амандмани. Целта е да го спречиме сегрегацискиот третман на граѓаните….“, рече Елми Азири-пратеник од Алијанса за Албанците.

Предлог-законот за финансиска поддршка беше доставен во Собранието уште на 14 јануари, а дури сега стигна во Комисијата за финансирање и буџет. На листата на оние кои треба да добијат по 6.000 денари се самохрани родители, пензионири со ниски пензии, деца без родители и уметници.