3 работи кои погрешно ги сфаќаме за успехот – „ Не е само пари, контрола и моќ“
Подготвил: Бобан Илијевски
Александра Фајн која е главна извршна директорка (CEO) на мултимилионската компанија „Dame“ за CNBC Make it вели дека се има погрешна претстава за успешните луѓе.
Таа посочи три работи кои ги сфаќаме на погрешен начин во врска со успехот.
Според неа, успехот е концепт кој често погрешно се сфаќа – бидејќи многу луѓе претпоставуваат дека се однесува само на: „пари, контрола и моќ“.
Успешните луѓе работат долги часови
„Тренерите и милионерите секогаш зборуваат дека една од работите кои можеме да ги контролираме е колку време вложуваме во работата: Доколку вложиш двојно од времето, има повеќе шанси да бидеш успешен, бидејќи имаш работено двојно повеќе часови од твојата конкуренција. Јас мислам дека тоа е огромна глупост. Ако размислиш логично, можеби овој аргумент држи вода, но моето искуство не го покажува тоа.
Колку ќе ми биде успешна неделата во „Dame“ никогаш не одлучува тоа колку часа ќе работам, туку интенцијата и енергијата кои ги носам во тие часови. Вашите интенции, фокусот и ставот секогаш ќе имаат поголемо влијание на вашиот успех од времето кое го поминувате во работата“, вели Фајн.
Успешните луѓе се будат пред 6 часот наутро
„Кој и да ја измислил фразата, ‘кој рано рани, две среќи граби’, според мене, гадно згрешил.
Сакам да читам за навиките на успешните луѓе и една од работите кои секогаш ме воодушевуваат е разноликоста во нивните одговори. Доминантна слика за успех е технолошкиот CEO кој се буди пред 6 часот наутро, за да медитира и да истрча два километри. Но доколку читате за рутините на другите успешни професионалци, како уметници, музичари и други креативци, многумина од нив велат дека спијат!
Или, најпродуктивни во нивната работа се надвор од традиционалната 9-до-5 работна недела и се будат со резултат. Понекогаш, успехот значи не правење ништо до 1 часот напладне, ако тогаш сте најпродуктивни“.
Успешните луѓе треба само еднаш да се пробијат
„Многу луѓе мислат дека за да станеш претприемач ти треба само една огромна идеја. За да започнеш нешто ново, ти треба идеја, но уште поважно е колку приспособлива е истата, како ја промовираш и дали имаш план Б, во случај првобитната идеја да не се оствари.
Ќе заработиш повеќе пари ако размислуваш пошироко од тоа да имаш само една одлична идеја. Факт е, да се биде претприемач е доста предизвикувачи и напорно. Ќе се соочуваш и со високи врвови и со ниски падови.
Но мислам дека секој треба да се обиде да биде претприемач барем еднаш во својата кариера, бидејќи од тоа многу се учи – и дури да сфатиш дека не е за тебе, може да биде преубаво, наградувачко искуство кое ќе ти го покаже она што не го сакаш од твојата кариера“.
Image by Gerd Altmann from Pixabay

