ПравдаСветот на работникот

81 процент од работниците во светот се засегнати од корона кризата

   Време за читање помалку од минута

Прекинувањето на бизнисите и другите економски мерки поврзани со ширењето на новиот коронавирус засегнаа 2,7 милијарди работници во светот. Во второто тримесечие на 2020 година, поради различни ограничувања, ќе се изгуби вкупно 6,7 отсто од работното време, што е еднакво на целосно отсуство од работа за 195 милиони луѓе, се наведува во извештајот објавен од Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Мерките за целосно или делумно стопирање на бизнисот засегнаа 2,7 милијарди работници, што претставува околу 81отсто од глобалната работна сила – велат експертите.

Повеќе прочитајте на република.мк