Андреева до угостителите: Нели ви се смачи да бидете експериментални глувчиња на власта?
Фејсбук статус на Александра Андреева:
#ПрашањеКоеМеМачи до сите угостители.
Нели ви се смачи да бидете експериментални глувчиња на власта? Ама озбилно. Година и пол се вежбаат на вас, се и сешто издржавте, ама кубурата уште стои неизвадена. Настрана од тоа дали треба или не да се вакцинираме сите, настрана од тоа дека е дискриминација и противуставно, ама ич не ми е тоа тема. Тема ми се небулозниве мерки што само кај вас минат.
🔺 Во банка секој на секого му дише во врат, ама таму потврда за вакцинација не треба дури ни за 300 присутни во затворено.
🔺 Во автобуси во скут ќе почнат да си седат, ама и таму е ок.
🔺 Конфекции, фабрики кластери направија и лабаво си продолжија со работа.
🔺 Кладилници и казина, не дај Боже некој да им чепне во бизнисот, таму корона не оди.
Ама затоа во ресторани и кафулиња на отворено корона демне. Седи на врата и брои… 28, 29, 30, оп, 31, мој си! И тоа само кај гости, вработените не ги чепка оти така и кажал Филипче. А негов збор, алтан вреди. И немој никако да задоцните да вработите редари, оти ќути, има и бетер.
п.с. Да се разбереме, не се проблем мерки, проблем се ГЛУПАВИ мерки