ЕкономијаСвет

ОД ДЕНЕСКА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО СРБИЈА ЗГОЛЕМЕНА НА 500 ЕВРА, за професорите плата од 900 евра

Од денес, вработените во образованието и здравството  во Србија очекуваат ново зголемување на платите од пет проценти, додека минималната плата во Србија е зголемена од 457 на 500 евра, што претставува зголемување од 9,4 проценти.

Според новите пресметки, наставниците во основните и средните училишта со седми степен на стручно образование ќе имаат плата поголема од 106.000  динари (околу 900 евра). Просечниот приход на медицинските сестри ќе надмине 90.000 динари (770 евра), додека лекарите специјалисти, без додатоци, ќе заработуваат над 170.000 динари.

Ова е второ вонредно зголемување во тековната година. Претходно, на 1 март, платите во образованието и здравството исто така беа зголемени за пет проценти, што значи дека од почетокот на годината платите на наставниците се зголемиле за 11 проценти.

Следното, редовно зголемување на платите во образованието се очекува од 1 јануари 2026 година, пренесува Политика.