СветСветот на работникот

Ексон Мобил отпушта 2.000 работници низ светот

Американската нафтена и гасна корпорација Ексон Мобил соопшти дека ќе отпушти околу 2.000 вработени ширум светот, како дел од процес на реструктуирање. Овие отпуштања претставуваат помеѓу три и четири отсто од вкупната работна сила на компанијата.

Ексон моментално има околу 61.000 вработени глобално. Одлуката следува по минатогодишната аквизиција на американската компанија Pioneer Natural Resources (PNR) вредна 60 милијарди долари.

Ова е дел од поширок тренд на отпуштања во нафтено-гасниот сектор, кој е погоден од пад на цените на нафтата и консолидација на големите компании, известува Ројтерс.

Глобалниот енергетски сектор веќе со месеци се соочува со серија намалувања на вработени. Компанијата Шеврон планира да отпушти помеѓу 15 и 20 отсто од вработените, BP повеќе од пет отсто, додека Коноко Филипс најави намалување од дури 25 отсто.

Цената на нафтата „Brent“ од почетокот на годината падна за околу 10,5 отсто, под влијание на зголемената продукција на нафтниот картел ОПЕК и неизвесноста околу американската трговска политика.

Аналитичарите предупредуваат дека продолжувањето на нестабилноста на пазарот и одложувањето на инвестициските проекти дополнително ќе го оптоварат енергетскиот сектор. Ексон и други големи играчи на пазарот бараат начини да го прилагодат своето работење на новите услови.

Извор: b92.net