Aвиокомпанија ги повика менаџерите да им го носат багажот на патниците: Нема кој да работи

Австралиската авиокомпанија „Qantas“ побара од своите вработени во највисокото раководство три месеци да работат „на багаж“ обидувајќи се со овој потег да се справи со акутен недостиг на работна сила.

Компанијата бара најмалку 100 волонтери за работа на аеродромите во Сиднеј и Мелбурн, со задачи што вклучуваат товарање и истовар на багаж, како и возење на возилата со багаж низ аеродромите, јавува Би-Би-Си.

Како и многу светски авиокомпании, „Qantas“ се бори да ги врати своите услуги во полн капацитет со отворањето на границите.

„Зголемениот број на новозаразени со корона вирусот во зимскиот период, зголемувањето на бројот на заболени од Ковид-19 во целата заедница, заедно со постојаните флуктуации на пазарот на трудот, се предизвиците за наоѓање работна сила во нашата индустрија. “, изјавил Колин Хјуз, еден од директорите на компанијта за Би-Би-Си.