Светот на работникот

Прашањето до сите жени гласи – дали е сепак подобро да не бидат вработени?

Интересна дискусија за работните и домашните обврски со кои најчесто се соочуваат жените се разви неодамна на Редит. Една корисничка ја опиша ситуацијата на своето работно место, споменувајќи ги честите отсуства на нејзините колешки, и постави провокативно прашање:
„Дали би сакале да останете дома ако домашната работа би била платена?“

„Сите обврски од дома ги носат на работа“

Според неа, таа работи во претежно женски колектив и забележува дека многу колешки често земаат слободни денови, боледувања или одмори. Дел од товарот, вели, паѓа на останатите. Иако голем процент од тие отсуства се оправдани – бидејќи работата е физички напорна, а потоа ги чекаат и домашни обврски – таа смета дека вреди да се размислува за нов модел.

„Ако жените добиваат месечна плата за домашната работа, дали би избрале да останат дома? А доколку немате или не планирате деца, дали ваква социјална политика би ве мотивирала да основате семејство?“, праша таа, нагласувајќи дека идејата не подразбира укинување на правото на професионално вработување, туку додавање нова опција.

Некои велат – мажите отсуствуваат повеќе

Другa корисничка се надоврза дека во нејзиниот мешан колектив, токму мажите почесто отсуствуваат од работа.
„Парадоксално, највредни се токму колешките со деца и со мажи што не им помагаат дома,“ додаде таа.

Таа верува дека ако куќната работа би била платена, мажите би се вклучиле многу повеќе во домашните обврски, а жените би можеле слободно да градат професионална кариера.

„Социјално неодржливо“ или нужност?

Другите кои коментирале сметаат дека ваква политика не би била одржлива.
„Многумина би ја избрале опцијата да бидат платени домаќинки. Како би ѝ се исплатело тоа на државата?“, праша една учесничка, додавајќи дека решението е во еднаква поделба на домашните обврски.

На ова се надоврза друга жена која нагласи дека мажите немаат менструални болки, не можат да раѓаат и дојат, и дека „додека постојат биолошки разлики, ќе постојат и правни, економски и културни последици“.

„Учев 20 години за да ми се сведе животот на готвење?“

Имаше и жени кои велат дека би работеле со полно работно време, додека мажот би се грижел за домот и децата. Но најголем број коментари сведочат дека жените сакаат професионално да се реализираат.

„Не се школував 20 години за да ми се сведе животот на готвење и чистење. Тоа се дели, не сме во среден век,“ напиша една корисничка.

Остра реакција од работничка во машки колектив

Меѓу најострите коментари беше оној на жена која работи во машки колектив и е раководител.
„Надредена сум на мажи, попаметна сум и пообразована. Тоа што некој не умеe да си ја организира работата не е проблем на жените, туку на вашата глупост. Мака ми е од мажи што не можат да заработат ни 1.000 евра, а устите им се полни со тоа дека жените треба да бидат домаќинки. Никогаш не би била домаќинка – премногу сум вложила во себе,“ напиша таа.

Извор: Bizportal.rs