- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

„dm„: Наградувањето на вработените вродува со поголема продуктивност во работата

„dm„: Наградувањето на вработените - Работник
266views

Ланецот на дрогерии „dm“ беше една од ретките компании коишто исплатија бонус од 9,000 денари на своите вработени во Македонија, за време на здравствено – економската криза предизвикана од Ковид – 19. Порталот Работник се обрати до компанијата за да дознае какво е задоволството на вработените, но и дали бонусот има влијание на нивната продуктивност, како и за тоа што треба да има еден кандидат за работа за да биде дел од нивниот тим. Се разбира не останавме покусо да прашаме ни за тоа какви мерки преземаат за заштита на вработените од Ковид -19 и за тоа каква е нивната перцепција за работата од далечина. 

Од таму потенцираа дека принципот на работа кој го практикуваат од самото основање на dm како компанија е дека компаниите постојат поради луѓето, а не обратно.

„Водејќи се по овој принцип фокусот на нашето работење се задоволни купувачи, но и задоволни вработени“, подвлекоа од „dm“ . 

Истакнаа дека независно од пандемијата која го зафати целото општество, атрактивни плати, 14 плати во текот на годината, различни модалитети на работа, активности насочени кон зачувување и подобрување на здравјето, семинари и едукации се само дел од бенефитите кои се овозможени за тимот на dm.

Велат дека на овој начин постојано придонесуваат кон што поголемо задоволство на вработените, мотивација, продуктивност и работа како тим.

„Дополнителната поддршка по појава на корона вирусот дојде како природен тек. Со овој гест сакавме да изразиме дополнителна благодарност до целиот тим, за дополнителната посветеност и придонес за време на пандемијата предизвикана од коронавирусот. Со тоа јасно покажуваме дека за долгорочен успех најважна е взаемна поддршка и да делуваме ‘Заедно, едни за други’, особено во вакви предизвикувачки времиња“, велат од компанијата. 

Посочија дека за да се биде дел од нивниот тим најважна е токму желбата и способноста за тимска работа.  Велат дека кај нив секој добива шанса за развој и усовршување.

„Колку што е разновиден нашиот асортиман, толку е разновиден и нашиот тим. И тоа така е најдобро. Бидејќи само кога учиме едни од други, можеме да направиме чекор напред“, велат од „dm“ .

Константно унапредување на задоволството на своите консументи и задоволство на своите вработени е секако правец кој го препорачуваме за сите компании, порачаа од таму. 

Во однос на заштита на вработените од компанијата истакнаа дека од нивна страна се преземени бројни мерки за заштита на сите вработени, за заштита на сите купувачи, односно преземени се сите мерки dm да остане безбедно место за работење и пазарување.

Велат дека за време траењето на неповолната епидемиолошка ситуација работат со исполнување на сите безбедносни стандарди кои се препорачуваат во протоколите на надлежните органи, но преземаат и дополнителни заштитни мерки кои не се законски наложени, а се со цел зачувување на јавното здравје и здравјето на сите вработени, како што се:

  • редовна дезинфекција и дополнително озонизација на сите продажни објекти и централата;
  • Редовна дезинфекција на системите за климатизација:
  • Заштитни прегради на секоја каса, како додатна превентивна мерка за заштита како на вработените така и на купувачите;
  • Обезбедени заштитни маски за сите вработени;
  • Средство за дезинфекција пред влезот на секоја дрогерија и централата за купувачите и вработените;
  • Бесконтактен топломер за мерење температура во сите продажни објекти и централа;
  • Ограничен број на потрошувачи кои истовремено пазарат;
  • Поставени инфо плакати за препораките и мерките на превенција кои се пропишани во сите продажни објекти и централа;
  • Константно советување на купувачите да се придржуваат до препораките и по можност плаќањето да го вршат со платежни картички наместо во готовина;

Во однос на работата од дома, односно од далечина, посочија дека со обезбедување на неопходните информатички уреди направено е брзо и флексибилно реорганизирање на работата, за речиси 70% вработени од различни административни сектори да имаат можност да работат од дома.

„Благодарение на најсовремените системи за дигитално работење и напредната инфраструктура тековното работење се одвива непречено, со непречена интернационална и локална комуникација преку онлајн јавувања, маил или телефонски“, велат од „dm„

Со сите преземени мерки успеавме да ја задржиме стабилноста во работењето дури и во најнепредвидливите околности. Преку брзи и навремени реакции продолжуваме и понатаму да одговараме на сите предизвици со кои се соочуваме, како и понатаму успешно да одговараме на сите потреби на нашите купувачи и вработени, велат од компанијата. 

Бобан Илијевски

Advertisement