Finance Think: Вкупниот износ на субвенции за придонеси на растот за плати во 2021 изнесувал близу 40 милиони евра
Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“ изготви иконографик со проценка за тоа колку пари биле потрошени за субвенции за придонеси на растот на платите.
„Субвенцијата за придонеси на растот на платите во рангот од 600 до 6,000 денари во времетраење од 3 години беше воведена во ноември 2019 година. Нејзиниот вкупен износ од близу 40 милиони евра во 2021 година ја рангира на второ место по обем, по земјоделски субвенции“, наведуваат во Иконографикот.
Latest posts by Редакција (see all)