МагазинНовости

Kралицата Матилда се сретна со нашиот тим кој освои бронза на европскиот квиз на парите

   Време за читање помалку од минута

Нашите претставници на Европскиот квиз на парите, учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски, кои го освоија третото место на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост, остварија средба со Нејзиното Височество, кралицата Матилда од Белгија.

Кралицата Матилда од Белгија  која присуствуваше на церемонијата на доделувањето награди на Европскиот квиз на парите, одржа интерактивна средба со првите три победнички тимови – Австрија, Чешка и нашиот тим. Средбата со кралицата Матилда беше значаен момент на признание за учениците, кој ќе биде инспирација за уште поголеми постигнувања и напредок во иднината.

66666

Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност ќе  продолжи да ја поддржува и промовира финансиската едукација како клучен елемент за успешната и независна иднина на младите луѓе.