MAКЕДОНИЈА ДЕМОГРАФСКИ ТОНЕ: За неколку децении ќе има 1.2 милиони жители
Време за читање помалку од минута
Населението во Македонија драстично се намалува. Во земјава до 2070 година ќе има помалку од 1,5 милион луѓе.
Македонија во наредните децении ќе се соочи со тешки демографски последици, aко не се преземат мерки, предупредуваат од Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во Македонија до 2070 година се очекува да има помалку од 1,5 милион жители, односно околу 1.250.000 жители. Во најлошата варијанта, која не се очекува да се оствари, населението по пет децении отсега ќе падне на само еден милион луѓе. Оваа проекција за населението е втора што ја изработува ДЗС, 25 години по претходната проекција во 1998 година. Инаку, Македонија има проблем со иселувањето, но и со низок наталитет.
Фото: freepik.com
Latest posts by Портал Работник (see all)