Што се случува со платите во Европа?
Платите во еврозоната во третиот квартал од 2025 година пораснале за три отсто на годишно ниво, што претставува најбавен раст во последните три години, објави денеска Евростат.
Растот на платите по работен час значително забавил во однос на вториот квартал од 2025 година, кога изнесувал 3,7 отсто на годишно ниво.
Ако се погледнат најголемите економии во еврозоната, годишниот раст на платите е значително забавен во Германија, од 4,2 отсто во вториот квартал на 3,6 отсто, како и во Франција, од 1,4 на 1,3 отсто. Во Италија растот се намалил од 3,4 на 2,4 отсто, а во Шпанија од 3,4 на два отсто.
Од друга страна, платите по работен час најбрзо пораснале во Бугарија, каде што е забележан раст од 12,4 отсто на годишно ниво. Следуваат Литванија со 9,7 отсто, Хрватска со 9,1 отсто и Унгарија со 8,8 отсто.
Во исто време, во еврозоната се зголемиле и трошоците што не се директен дел од платите. Во третиот квартал од 2025 година тие пораснале за четири отсто на годишно ниво, се наведува во извештајот на Евростат.
Станува збор за трошоци за социјално и здравствено осигурување што ги плаќаат работодавачите, како и за даноци и придонеси на платите, но и за трошоци поврзани со обука и стручно усовршување на вработените, како што се курсеви, семинари и интерна едукација.
Во оваа категорија спаѓаат и трошоците за превоз, работен простор и опрема за работа, како и трошоците за отпуштање на работници или исплата на отпремнини.
Извор: b92.net

