Еден човек од „ветената земја“ тврди дека за еден ден заработува 500 евра
Сè повеќе млади од регионот размислуваат за работа во странство, а угостителството сè почесто се наметнува како најдостапна опција.
Австрија и Германија се меѓу најчесто споменуваните дестинации, особено поради сезонската работа, скијачките центри и можноста за солидна заработка.
На Reddit, еден корисник го сподели своето искуство и побара совет од заедницата. Тој раскажува дека завршил обука за бармен, но нема практично искуство и не успева да најде работа. Според неговите зборови, бил одбиен од повеќе места бидејќи е почетник и има 28 години. Планира најпрво да го усоврши германскиот јазик, а потоа да замине во Австрија, можеби и во Германија. Ги прашал другите корисници колку е тешко да се најде работа, дали се исплати сезонската работа на скијалишта и дали е можно да се заштедат пари.
Практиката е поважна од обуката
Повеќето бармени во Австрија и Германија учат директно преку работа. Теоријата е корисна само во одредени барови, додека најважно е практичното знаење и снаоѓањето зад шанкот.
Сезоната во Австрија може да донесе висока заработка
На елитни локации и во скијачките центри, бакшишите можат да достигнат од 100 до дури 500 евра дневно. Во помалите места, износите најчесто се движат околу 40 до 50 евра дневно.
Германија помалку привлечна опција
Поради високите даноци и послабата исплата, многу корисници сметаат дека Германија не е толку исплатлива и ја препорачуваат Австрија како подобар избор.
Познавањето на јазикот е клучно
Знаењето германски јазик е поважно од претходното искуство. Доколку го владееш јазикот, можеш релативно лесно да најдеш работа, дури и без долгогодишно искуство во угостителството.
Подготвеност за работа и учење
Основно познавање на угостителството и желба за работа се доволни за брзо совладување на потребните вештини.
Авторот на дискусијата додава дека моментално во Белград нема реални шанси да добие работа во коктел-бар, но планира летото да го помине на море, а потоа да замине на работа во Австрија.
Извор: Bizportal.rs

