ПравдаСветот на работникот

Ампева: Има примери каде работници се оставени без две плати и здравствени придонеси во очи на големиот христијански празник

Фејсбук статус на Гласен Текстилец: 
🔴Ампева до анкетираниот работодавач:
🗣‼,,Не, Ампева не ги манипулира работниците. Работниците добро знаат. И да! Секако дека има пријави од наша страна за злоупотреби. Секако дека тие се пратени до УЈП, до јавните обвинителства и за добар дел од нив има резултати. Некаде се кријат и по фиоки нашите пријави, тужби. Но не се откажуваме. Ќе ја бараме правдата низ институциите кои се платени од нас, работниците, граѓаните”.
📢🗣,,Затоа и беше нашето укажување, нашето гласно барање за да се даде побргу помошта од 5-тиот сет на мерки, затоа и го направивме тој притисок, бидејќи знаевме дека работодавачите нема да се бркнат во џеб и да ги извадат тие профити коишто овие работници им ги направиле де факто изминатите 20-30 години, бидејќи има работодавачи кои се спремни додека не се пушти државната помош, да не исплаќаат ни денар.
Знаевме дека оние коишто со години исплаќаат плати од по: 6.000, 7.000, 8.000 денари и се вадеа на некоја неисполнета норма, знаевме дека нема да речат – еве ги платите.
Видовме дека тоа ретко кој работодавач го направи, едноставно не сметаа дека треба да ја чекаат помошта од државата и во ниеден момент да не се сетат дека ги оставаат работниците без никакакви финансии, дека ја злоупотребија максимално државната помош дел од нив.
Имаме примери каде работниците се оставени без 2 плати и платени здравствени придонеси, во очи на големиот христијански празник, но и 1ви мај, денот на трудот”.

🔴Ампева до анкетираниот работодавач:

🗣‼,,Не, Ампева не ги манипулира работниците. Работниците добро знаат. И да!…

Posted by Гласен Текстилец on Wednesday, April 28, 2021