Ампева: Работниците пак ќе враќаат дел од платите кај газдите – нема крај на сивата економија
Пратениците на на 10.02.2022 година ја изгласаа потребата од носењето на Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за минимaлна плата во Република Северна Македонија. Со предлог законот кој се носи по скратена постапка минималната плата ќе изнесува 18.000. Договорот за покачување на минималната плата ќе почне да важи со исплатата на платата за март, а работниците новиот минималец ќе го добијат на почетокот на април.
Здружението „Гласен Текстилец“ кое од 2017 година беше иницијатор за зголемување на тогашната минимална плата на 12.000 денари, и сега во време на ваква криза и качување на цени на продукти, деривати, електрична енергија, се за покачување на минималната плата. Но, нивната идеја била сосема друг пристап за да се дојде до многу поголемо покачување на платата, но без субвенции.
Повеќе на Локално.мк

