ЕкономијаМакедонија

Ангелкоски за Работник: Приоритет ни е да станеме една од најпретпознатливите деловни мрежи во Југоисточна Европа

Бобан Илијевски

Ексклузивно за Порталот Работник, новиот Претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија  Трајан Ангелкски откри кои се дел од неговите приоритети како Претседател на Комората. 

Ангелкоски во разговор ни откри дека еден од приоритетите на ССКМ ќе биде унапредување на деловната клима во Македонија, со цел да се овозможат подобри услови за работа на претпријатијата, особено на малите и средни претпријатија кои членуваат во Комората. 

Следниот приоритет се однесува на зголемување на вредноста на малите и средни претпријатија кои го сочинуваат најголемиот дел од македонската економија. 

Ангелкоски рече дека еден од нивните приоритети ќе биде и растот на економијата и Бруто домашниот производ и на нивните членки компании. 

„Од ова ниво на кое сме сега, земја во Европа со едно од најниските БДП по глава на жител, да со своето влијание, делување и работење, придонесеме за развој на економијата, раст на БДП -то, а со тоа и на целата економија и посебно на нашите членки компании“, рече Ангелкоски. 

Нивна цел е, дополни тој, со оглед на глобализацијата на светско ниво, да станат една од најпретпознатливите деловни мрежи во овој дел од Европа. 

Имено, Трајан Ангелкоски, досегашен Претседател на Индустриската Комора при ССКМ, доаѓа на местото на Данела Арсовска која на локалните избори беше избрана на градоначалничка на градот Скопје.