Астероид со големина колку три фудбалски игралишта ќе помине крај Земјата. НАСА објави кога
Астероидот Apophis, со големина колку три фудбалски игралишта и наречен по древниот египетски бог на хаосот, за три години ќе прелета покрај Земјата. НАСА во средата соопштила дека тој настан, закажан за 13 април 2029, на научниците ќе им пружи единствена прилика за проучување на вселенската карпа од непосредна близина, пишува агенцијата Анадолу.
Apophis ќе помине на оддалеченост од 32,000 километри од површината на Земјата, што го доведува поблиску до нашата планета од бројните сателити во орбитатата. Од агенцијата појасниле дека, за споредба, највисоките сателити кружат на висина од приближно 36,000 километри над екваторот.
Нема опасност, но е шанса за науката
Иако Apophis е класифициран како „потенцијално опасен астероид“, НАСА ја уверува јавноста дека неговото проаѓање во 2029 година не претставува никаква закана за Земјата. По повеќегодишно следење, научниците се сигурни дека овој објект нема да ја загрози нашата планета најмалку во идните 100 години.
„Не постои никаква опасност за Земјата, за било кој или што било на неа, како ни за астронаутите или сателитите во вселената“, соопштиле од агенцијата. „Но, овој настан е неверојатна и досега невидена прилика да научиме повеќе за Apophis и сличните астероиди кои поминуваат блиску до Земјата“, додале.
Според НАСА, жителите на источната хемисфера ќе можат да го видат астероидот со голо око, но тоа ќе зависи од временските прилики.
Извор: Index.hr

